20.8 C
Скопје
04:22 - 21 август, 2026

„Вистина е дека уринирав на улица“: Злата Петровиќ сподели шокантна исповед!

Како што се приближува финалето на реалното шоу „Задруга 8 Елита“, фолк пејачката Злата Петровиќ проговори за односот на нејзиниот син Јован Пејиќ со неговата поранешна девојка Ена Чолиќ, но и за неговото целокупно однесување во шоуто, пишува „Курир“.

Како гледаш на кавгите меѓу Јован и Ена?

– Моето мислење за Ена не се сменило. Таа е убава, вредна, елоквентна и борбена – има многу добри особини. Би била совршена да знаеше каде е границата. Претера. Дај сто литри млеко, па удри со нога и сè расипи. Нема потреба од такви зборови и навреди. Не прави нешто на друг што не би сакал тебе да ти го направат. Се гледа дека има квалитети, но не можам да сфатам како од таква убава девојка излегуваат такви навреди. Јас сум прва што знам да бидам остра на јазик, ама такви зборови – никогаш. Постојано бара маани. Тешко ми е, бидејќи сè тоа го слушам. Јасно е дека ги кажува тие работи за да го повреди Пеја.

Се спомнува и твоето консумирање алкохол, познатата водка, а се вклучува и Гоца Божиновска во приказната. Што мислиш за тоа?

– Мене тоа не ме допира, ама Пеја да. Јас не пијам водка, туку ракија или вино, како што вели мојата Гоца. Кога зборувале под јорган, Пеја ѝ рекол дека „Папарацо лов“ ме снимил кога уринирав на улица – тоа е вистина. Не се правдам, ама не е ништо страшно – не уринирав на улица, туку во Сурчин, во пет наутро, кога се враќав дома. Со тоа ѝ објаснувал дека и за него има објави во јавноста, зашто таа се грижеше каков ќе биде впечатокот за неа по нивната интимна врска. И за алкохолот ѝ кажал – кога таа се грижела што ќе кажат ако испие нешто повеќе, ѝ рекол: „Опушти се, и мајка ми пие со друштво“. Тоа го кажал за да ја расположи, а таа го злоупотреби. Јас сум свој шеф и газда, само Господ е над мене. Можам и да пијам ако сакам – никогаш никому ништо не сум направила во припита состојба. Не велам дека Пеја е идеален, ама е културен и фин дечко.

Од првиот брак со Хасан Дудиќ, Злата го има синот Мики, кој ѝ создава многу главоболки, а од вториот брак со Зоран Пејиќ го има Јован.

Мики го наследил музичкиот талент од двата родители и и тој се занимава со музика. Но, Злата еднаш изјави дека Мики повторно се вратил на порокот – коцкањето – поради што семејството го избркало од дома.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....