Некогаш беше едно од најпопуларните места за пазарување во Скопје, каде што можеше да се пронајде речиси сè, од секојдневна облека до свечени фустани, и тоа по пристапни цени. Денес, пазарот во Шуто Оризари има поинаков изглед, а токму промените во некогашната препознатлива атмосфера ја изненадиле македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска.
Водителката на утринската програма на телевизија Канал 5 одлучи да направи шопинг-тура низ популарната Шутка и да провери што може да се најде на пазарот во пресрет на зимската сезона и новогодишните празници. Својата прошетка ја снимила, а видеото го сподели со следбениците на социјалните мрежи под насловот „Ни Шутка не е тоа што беше“.
За време на посетата, Спенџарска разгледувала разновидна понуда, од џемпери, капути и пижами до собни папучи и фустани. Едно од парчињата особено ѝ го привлекло вниманието, па на шега споменала дека можеби токму таму ќе го пронајде совршениот фустан за новогодишната ноќ.
Но, покрај разгледувањето на облеката, водителката се осврна и на промените што ги забележала на пазарот.
Иако Шуто Оризари денес има помодерен изглед, Спенџарска призна дека повеќе ѝ се допаѓала неговата некогашна атмосфера. Според нејзиниот впечаток, поранешниот пазар бил поотворен, а токму непосредноста при разгледувањето на тезгите и разновидната понуда му давале посебен шарм на пазарувањето.
Таа не го криеше разочарувањето што дел од тој препознатлив амбиент се променил.
При прошетката, Спенџарска застана пред натписот „Го сакам Шуто Оризари“, каде што позираше и ја спореди сцената со една од најпознатите знаменитости во светот.
„Исто како да сум во Холивуд“, се пошегува водителката.
View this post on Instagram
