36.5 C
Скопје
15:28 - 11 август, 2026

(Видео) Тамара Грујеска со новата песна „Нема да бегам“ испраќа јасна порака дека вистинскиот пат е оној по кој храбро се оди напред и се верува во себе

„Нема да бегам“ е новата песна на Тамара Грујеска, еден од највпечатливите млади вокали на македонската музичка сцена.

Композицијата ја покажува нејзината зрелост како изведувач и нејзината желба преку музиката да раскажува искрени приказни. Со моќен вокал, модерна продукција и впечатлив видеозапис, песната претставува ново поглавје во нејзината музичка кариера.

Зад оваа музичка приказна стои тим од докажани професионалци. Музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов, кој е и музички продуцент на песната, додека текстот е дело на Тања Соколовска. Тамара дополнително ја збогатува песната со своите придружни вокали, давајќи ѝ препознатлива емоција и карактер.

приватна архива

Песната е реализирана во Just RB Production, со микс и мастеринг од истиот продукциски тим, создавајќи модерен звук кој успешно ги спојува емоцијата и современата музичка естетика.

За визуелниот дел е заслужен Melem Production, а официјалниот видеозапис е режиран од Огнен Шапковски. Преку силни сцени, динамична приказна и внимателно изработени детали, видеото ја доловува енергијата на песната и ја претвора во вистинско аудиовизуелно доживување.

Тамара Грујеска со „Нема да бегам“ испраќа јасна порака – дека вистинскиот пат е оној на кој се верува во себе, се следат соништата и храбро се оди напред.

По бројните успеси и настапи, Тамара продолжува да гради своја музичка приказна, освојувајќи ја публиката со својот талент, посветеност и препознатлив сценски настап.

 

Слични објави

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска во Истанбул — се сретна со Хурем Султан од „Величествениот“

Еспресо

Поранешниот тапанар на „Парни ваљак“ осуден на казна затвор

Еспресо

(Фото) На море во најдоброто друштво: Нина Бадриќ сподели фотографии со посебна личност во својот живот

Еспресо

(Фото) Летна идила во Маврово — Катарина Ивановска ужива со децата и партнерот Стефан

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

(Фото) Спомени што не избледуваат — обожавателка објави фотографии од Тоше Проески од концертот во Охрид во 2006 година

Еспресо
Се вчитува....