16:07 - 1 ноември, 2026

(Фото) Дали го препознавате ова дете? Денес е еден од најпознатите виртуози на хармоника во Македонија

Македонскиот виртуоз на хармоника и композитор Горан Алачки сподели ретка фотографија од своето детство, направена пред повеќе од пет децении во Белград.

На црно-белата фотографија од 1969 година, Алачки е мало момче и позира покрај својот татко Благој Алачки и нивниот семеен автомобил „НСУ Принц“.

Фотографијата е направена на Авала, познатото излетничко место во близина на Белград.

„Со татко ми Благој Алачки и нашиот НСУ Принц… 1969 Белград, Авала…“, напиша Алачки во описот на фотографијата објавена на Фејсбук.

Алачки е роден во Пожаревац, но неговото семејство по таткова линија потекнува од Владимирово, место со кое музичарот низ годините повеќепати ја истакнувал својата силна поврзаност.

Неговиот татко Благој е роден во Владимирово, а оттаму потекнува и презимето Алачки.

Токму во Владимирово, Алачки го изгради Културниот центар „Алачки“, а неговото име е поврзано и со „Фолк фест Владимирово“, фестивал посветен на македонската народна музика.

(Фото) Горан Алачки раскажа емотивна приказна за ќерката Грациела

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....