14.8 C
Скопје
23:49 - 11 октомври, 2026

Поранешниот тапанар на „Парни ваљак“ осуден на казна затвор

Дражен Шолц (65), поранешниот тапанар на „Парни ваљак“, „Прљаво казалиште“, „Филм“ и други бендови, е осуден на четири и пол години затвор поради сообраќајна несреќа во 2017 година во која усмртил пешак.

Шолц е осуден поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртна последица, како и бегство, односно непружање помош на жртвата.

Шолц е двапати неправосилно осуден поради тоа што на улицата Илица во Загреб во 2017 година соборил пешак на пешачки премин и заминал со автомобилот. Првиот пат е осуден дека го сторил тоа под дејство на алкохол и наркотици, и бил казнет со четири и пол години затвор, а му беше изречена и забрана за возење во траење од пет години. На повтореното судење од обвинението биле изоставени алкохолот и дрогата, па и санкцијата била значително помала, три години затвор. Сепак, Шолц поднел жалба, барајќи пресудата да се поништи и да се врати на повторно судење, односно да биде ослободен или евентуално осуден на помала казна, меѓу другото, и поради тоа што повеќе не свири во бендови, пишува „Далматински портал“.

Високиот кривичен суд ги отфрлил сите негови аргументи, но ја прифатил жалбата на адвокатите во врска со санкцијата и мерката за безбедност забрана за возење. Имено, тие не се согласуваат дека не постои опасност Шолц повторно да ја загрози безбедноста во сообраќајот, а тоа е затоа што тој грубо го прекршил сообраќајниот пропис предизвикувајќи сообраќајна несреќа на обележан пешачки премин со најтешки последици. Затоа, му изрекле забрана за возење во траење од две години по отслужувањето на казната.

Во образложението на построгата казна, Високиот кривичен суд наведува дека Шолц го напуштил местото на несреќата без да ѝ помогне на жртвата, со што покажал целосна неодговорност и недостаток на човечност и почит кон жртвата. Полицијата го пронашла осум часа по несреќата, поради што не можело со сигурност да се утврди дали дрогата и алкохолот, чии траги биле најдени во неговата урина, ги консумирал пред или по несреќата. Шолц не се пријавил сам, како што тврдел, туку се обидел да избега, се наведува во пресудата на Високиот кривичен суд.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....