21:16 - 30 октомври, 2026

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска во Истанбул — се сретна со Хурем Султан од „Величествениот“

Македонската мисица Ева Величковска престојуваше во Истанбул пред да отпатува за Виетнам, каде што ќе ја претставува Македонија на меѓународниот избор за убавина „Мис на светот 2026“.

Дваесетгодишната Величковска, која годинава ја освои титулата „Мис на Македонија“, сподели повеќе фотографии од посетата на турската метропола. Таа престојувала во Истанбул по повод свадбена прослава, а слободното време го искористила за прошетки и разгледување на градот.

Фото: Инстаграм/Ева Величковска

Посебно внимание привлече нејзината средба со познатата турска актерка Мерјем Узерли, која македонската публика најмногу ја препознава по улогата на Хурем Султан во хит-серијата „Величествениот“.

Фото: Инстаграм/Ева Величковска

Величковска објави и заедничка фотографија со актерката на социјалните мрежи.

„Уживајќи во Истанбул пред Мис на светот“, напиша таа на Инстаграм.

Престојот во Истанбул доаѓа непосредно пред нејзините обврски поврзани со изборот за убавина. Според најавите, 75. издание на „Мис на светот“ ќе се одржи од 12 август до 5 септември во Виетнам.

Слични објави

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо

Анастасија и Немања со синот првпат доаѓаат во Србија: Се подготвува голема семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....