09:16 - 31 октомври, 2026

(Фото) Летна идила во Маврово — Катарина Ивановска ужива со децата и партнерот Стефан

Македонската манекенка Катарина Ивановска ги користи топлите летни денови за одмор во Маврово, каде ужива во друштво на своите деца, Вања и Кира, и партнерот Стефан Ханџиски.

Ивановска сподели албум од фотографии и видеоснимки на Инстаграм, преку кои покажа дел од семејната атмосфера и активностите со кои ги исполнуваат деновите во една од најубавите планински дестинации во Македонија.

„Мавровски игри“, напиша кратко манекенката во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

На една од фотографиите, Катарина позира во прегратка со Стефан, додека останатите кадри се исполнети со летни активности и моменти со децата.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Ивановска ужива во сончањето и разладувањето во Мавровското Езеро, додека Вања и Кира, заедно со своите другарчиња, го поминуваат времето во авантури во природа. Тие истражуваат водопади, уживаат во филмска проекција под отворено небо и се забавуваат со водени игри во дворот.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Со објавата, Ивановска долови дел од нивниот активен летен одмор, исполнет со природа, семејни моменти и детска забава.

Катарина Ивановска е една од најуспешните македонски манекенки, а својата меѓународна кариера ја започна во 2004 година. Во текот на кариерата се појавуваше во престижни модни изданија, меѓу кои „Вог“ и „Ел“, а во 2012 година дебитираше и како актерка во македонскиот филм „Трето полувреме“.

Слични објави

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....