15:04 - 19 февруари, 2026

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НОВИОТ СПОТ НА ДУОТО „НЕКСТ ТАЈМ“: „Кога падна на Пирина“ е уште една извонредна преработна на стара македонска песна

Бројните фановите на „Некст тајм“ по долгата пауза вчеравечер имаа прилика да ја слушнат новата песна на популарното етно-поп дуо од Скопје – „Кога падна на Пирина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)


По успешните преработки на „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановка“, Стефан и Мартин решија да одговорат на предизвикот и да ѝ подарат уште едно квалитетно музичко парче на својата  публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Стефан и Мартин Филиповски или попознати како браќата од дуото „Некст тајм“, го промовираа видео спотот на нивната најнова песна посветена на Јане Сандански – Царот Пирински.

 

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна и веруваме дека ќе ве направиме горди!“, порачаа Стефан и Мартин.

Аранжманот на песната е дело на виртуозниот Никола Мицевски, човекот чиј потпис стои и на претходните преработки. За режијата на видеозаписот се погрижи режисерот Огнен Шапковски, а продукцијата зад целиот проект е „Мелем продукција”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)


Покрај Стефан и Мартин, како актери во видеозаписот се појавуваат и Ненад Нацев, Ана Калачоска, Филип Митрески, Филип Филиповски, Бобан Тодоровски, Стефан Дамјаноски и Даријан Ристоски, меѓу другите.

Во продолжение, проследете го спотот:

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....