03:06 - 10 ноември, 2026

ВИДЕО: Оливија Њутн Џон на сите им посака добро здравје додека таа се бори со рак во четврта фаза

Instagram

Sвездата на филмот „Брилијант“ изјави дека сака да и се обрати на јавноста со цел да подари надеж по оваа тешка година за целиот свет.

На видео објавено на нејзиниот инстаграм – профил, Оливија рече: “Само сакам да ви посакам најсреќна и најздрава празнична сезона. Ќе успееме да поминеме низ ова. И ова ќе помине”.

Таа изјави дека се надева дека „2021 година ќе ни донесе нови работи и подобри вести“.

„Треба само да го одржувате расположението и да размислувате позитивно“, додаде актерката.

На Оливија за прв пат и бил дијагностициран карцином на дојка во 1992 година и иако се чинело дека сè е во ред откако поминала низ хемотерапија и мастектомија, карциномот се вратил две децении подоцна.

Поточно, во 2013 година, актерката дознала дека има рак по втор пат по сообраќајна несреќа која ја доживеала, а лекарите за малку ќе го промашеле туморот бидејќи болката им ја препишувале на модринките по нејзиното тело по несреќата.

Instagram
Instagram

Оливија инсистирала на дополнително тестирање, кое подоцна потврдило дека ракот се вратил.

Сепак, во 2018 година, ѕвездата открила дека по трет пат и е дијагностициран со рак, кој напредувал во 4-та фаза и се проширил на грбот со тумор пронајден на дното на ‘рбетот.

Говорејќи во јануари оваа година, Оливија сподели дека користела медицински канабис и природни лекови, како и конвенционални лекови за време на борбата против оваа болест.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....