8.8 C
Скопје
20:29 - 12 март, 2026

(ВИДЕО) Објавен првиот тизер за продолжението на хит серијата „Игра на тронови“

На денешното претставување на пристигнувањето на „HBO Max“ во Европа, беше прикажан првиот тизер од претстојната приквел серија „Game of Thrones: House of Dragon“.

Временската рамка на серијата „House Of The Dragon“ е сместена 200 години пред настаните во „Game Of Thrones“ и ќе ја раскаже приказната за семејството Таргеријан. А истата ќе биде адаптација на романот на Џорџ Р. Р. Мартин насловен „Fire & Blood“. Извршен продуцент и режисер е Мигел Сапочник, кој режираше многу епизоди од „Игра на тронови“.

Фановите на фантастичните книги на Мартин „A Song of Ice and Fire“, знаат дека на семејството Таргеријан им е предодредено да бидат вовлечени во горчлива граѓанска војна.

Еден од нивните потомци, Денерис Таргеријан, која ја толкуваше актерката Емилија Кларк, беше главниот лик во „Game of Thrones“ што траеше осум сезони од 2011 до 2019 година.

Серијата која прерасна во феномен на поп-културата, стана една од најуспешните серии во телевизиската историја. Сепак, последната сезона, напишана надвор од објавениот изворен материјал на Мартин од Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс, ги подели впечатоците на обожавателите и критичарите.

Новите епизоди на „House of the Dragon“ ќе се емитуваат на „HBO“ и „HBO Max“.

 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....