7.8 C
Скопје
19:52 - 30 март, 2026

ВИДЕО | Нема да престанете да ја слушате: Младата Лара Иванова има ХИТ!

Има само 16 години, а позади себе веќе има неколку одлични песни со видеоспотови, како и настапи на неколку музички фестивали во земјата.

Музичките критичари и предвидуваат блескава кариера ако продолжи со истото темпо, бидејќи нејзиниот талент за пеење е нешто што ќе ве освои на прва.

Младата Лара Иванова по одличната „Полудена по тебе“, овојпат со уште една нова модерна песна. Нејзиниот наслов е „Некогаш ќе помине“.

Лара Иванова/Промо

Музиката и аранжманот се дело на композиторот Иле Спасев, додека пак текстот е на Робин Зимбaков.

– Мислам дека ова е мојата најдобра песна досега. Не дека е моја, но мислам дека не сум слушнала нешто подобро во последно време и поради тоа сакам да им се заблагодарам на Иле и на Робин. Моите најблиски пријатели ја слушнаа уште пред неколку дена и нивната реакција ме израдува многу, верувам дека така ќе реагира и публиката кога ќе ја слушне – вели Лара.

Инаку и за оваа песна Лара сними и видеоспот, за кој задолжен беше Горан Симјаноски. Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, а во него младата Лара се појавува во креации на дизајнерката Ива Спасовска, Зои Блаж беше задолжена за шминката, а за фризурата се погрижи Social Hair Salon.

– Задоволна сум од целата екипа. Прекрасни луѓе со кои дефинитивно ќе продолжам да работам и во иднина – ни изјави Лара.

Да не должиме многу, уживајте во спотот и одличниот звук:

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....