5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Место каде што ѕвездите „отвораат душа“: „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски

Некогаш млад, надежен фудбалер кој кариерата ја завршил пред и да ја почне заради тешка повреда, а потоа модел и ТВ водител и сега пејач и Јутјубер… И тоа најпознатиот во Македонија, кој хобито си го претворил во професија од која барем засега, вели дека пристојно заработува.

Урбан лик кој нема „влакна на јазикот“ ама затоа има „петља“ да ги седне познатите личности од јавниот и естрадниот живот за да одговараат на жешки прашања во неговиот „драјв поткаст“ – „Кар Пул Караоке“ на Јутјуб.

Особено згодните и сексапилни дами од естрадата на кои толку незгодни прашања никој јавно не се осудува да им поставува. Или што би рекол самиот тој: „Прашања кои мажите не би и ги поставиле на жена“.

За јутјуберството и ТВ водителството, за познатите Македонки со свои Онли фанс страници, за музиката, семејството воспитувањето, за естрадата, за љубовта со неговата сега веќе свршеница чија рака ја побара на најнеобичен начин, на уште понеобична локација… За се’ она што му преставува начин на живот и животна стисфакција… со Стефан Лазаров во првата, премиерна епизода на „Ништо лично“… со Антонио Димитриевски.

Секоја среда од 20.30 ексклузивно на Јутјуб канлот на Еспресо. Гледајте „Ништо лично“, зашто никаде нема да најдете ништо слично!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....