6.8 C
Скопје
07:48 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Мараја Кери сними нова божиќна песна – Дали таа ќе успее да го надмине нејзиниот божиќен хит стар 26 години?

Нејзиниот хит од 1994 година „All I Want for Christmas Is You” е многу популарен и денес и речиси не постои личност на планетата која не го слушнала, особено за празничниот период во кој оваа песна буквално царува низ земјата, а Мараја Кери сега сними нова божиќна песна под називот „Oh Santa“.

Музичката дива Мараја Кери (50) е најпозната по хитот „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година, а сега сними нова божиќна песна.

„Oh Santa“ е наречен синглот за кој ги здружи силите со пејачката Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.

Песната е објавена во склоп на специјалот кој се прикажува на „Apple TV“ – „Mariah Carey’s Magic Christmas Special”, а станува збор за спектакл кој носи спој на песни, танцување и анимации со голема доза на празничниот дух.

Дали и оваа божиќна песна на Мараја Кери ќе се пее по 26 години, ќе покаже времето, а со оглед на тоа дека „All I Want for Christmas Is You” иако слушната на сите страни во светот, дури во 2019 година се искачи на врвот на Билбордовата Хот 100 листа, пејачката знае дека чекањето се исплати.

„Гледав во елаката и чувствував мир. Беше тоа неверојатен момент. Меѓу сите млади музичари мојата песна после толку време успеа да се пробие на првото место. Со години таа песна беше на врвот на многу топ листи, но не бев фокусирана на тоа, но моите деца, моите обожаватели, најдобрите луѓе во светот ми го овозможија тоа“, го коментираше Мараја успехот на својата песна во Јутјуб емисијата „No Filter With Naomi”, со Наоми Кемпбел.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....