5.8 C
Скопје
01:49 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) „MÅNESKIN“ ВО ШОУТО НА ЏИМИ ФАЛОН: Италијанците го направија и своето деби во Обединето Кралство

Италијанскиот бенд „Måneskin“ е во центарот на вниманието откако победија на Евровизија оваа година. Во чекор со својата ексцентричност, тие постојано предизвикуваат лавина коментари со секое појавување во јавноста или објава на социјалните мрежи.

Откако манескинците „го распалија“, „Шамп де Марс“ во Париз со својот настап на светскиот концерт „Global Citizen Movement“ во Париз минатиот месец, го направија и своето деби во Обединето Кралство и тоа ни помалку ни повеќе во шоуто на водителот Џими Фалон (The Tonight Show Starring Jimmy Fallon).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)


Манескинците објави и неколку фотографии од нивниот настап во шоуто на фелон на официјалниот Инстаграм профил на бендот. Меѓу другите, објавија и една фотографија со водителот.

Бендот беше музички гостин на шоуто со изведба на нивниот хит „Beggin“ ‘, кој моментално е на 15-то место на топ-листата на „Billboard’s Hot 100“. Како и секогаш, така и овој пат Дамиано Давид, Викторија Де Ангелис, Томас Раги и Итан Торчо беа совршено стилизирани.


Бендот одржа бројни концерти пред своите фанови во поголемиот дел од европските метрополи, бендот продолжува со своите концерти и надвор од границите на Европа.

Следен концерт на бендот е закажан во Театарот Рокси во Западен Холивуд на 1-ви ноември, а потоа „Måneskin“ ќе го отворат концертот на Ролинг Стоунс во Лас Вегас, што ќе се одржи на 6-ти ноември.

Фото: Принтскрин/ YouTube

Инаку, овогодинешните победници на Евровизија со месеци ги освојуваат европските и светските врвни рангирања. Моментално се номинирани за MTV Europe Music Award во три категории: најдобар италијански изведувач, најдобра рок изведба и најдобар бенд.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....