14:10 - 1 април, 2026

ВИДЕО: КЛИНТ ИСТВУД СЕ ВРАЌА НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО НА 91 ГОДИНА, премиерата е во септември

Режисерот и актер од Сан Франциско се враќа на големото платно на 91-годишна возраст како Мајк, поранешен шампион во родео. Филмoт е полн со емоции и трогателни моменти. 

На 17 септември, новиот филм на Клинт Иствуд, сценарист и режисер, ќе пристигне во американските киносали и на HBO Max.

Љубовта кон филмот е доживотна приказна за Клинт Иствуд, кој со текот на годините изгради уникатна кариера, а сега, на 91 години, Клинт ќе ја изведе улогата на Мајк (главниот лик), поранешен каубој во потрага по откуп во „Cry macho“ (Плачи мачо).

Клинт не застана со работи и покрај пандемијата, која го забави светот на уметноста и воопшто на забавата, и не само што успеа да го заврши снимањето, туку и напорно работеше истовремено и на режија и на глума.

Приказната е преземена од истоимениот роман напишан во 1975 година од Н. Ричард Неш, кој доби позитивни, но и негативни критики за неговото дело. Станува збор за приказна за искупувањето, па затоа уште за време на снимањето филмот ги заинтригира филмските критичари. Дејствието е сместено во 1978 година и ја следи приказната на Мајк, постар човек кој ја чувствува тежината на своите години, но пред се тој е на големата дистанца од своето славно минато. За Мајк, поранешен шампион во родео и тренер за коњи, отсекогаш се зборувало дека е вистински мачо….И тоа е  централната поента на филмот – што значи да се биде мачо? Колку се промени концептот на машкоста со текот на времето и на што се однесува зборот „мачо“ денес?

Слично како и во неговиот легендарен филм „Гран Торино“, и во овој случај Иствуд сака да ја претстави врската помеѓу една постара личност и еден млад човек, а речениците сконцентрирани во две минути во самиот филм, како што вели режисерот, се „учења што „дедото“ Клинт сака да им ги остави на оние што го гледаат неговиот филм“.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....