17.8 C
Скопје
14:28 - 18 октомври, 2026

(ВИДЕО) Георгина го изненади Роналдо за 37. роденден со ексклузивен подарок – Погледнете за што се работи!

Освен спортските достигнувања и важните награди кои го карактеризираат како еден од најдобрите фудбалери во историјата, за Кристијано Роналдо вистински успех е среќното семејство кое го формираше со Џорџина Родригез, која му посвети неколку емотивни зборови на неговиот роденден.

„Среќни 37 години љубов на мојот живот. Те сакаме бескрајно. Најдобриот татко и најдобар животен сопатник кој Бог можеше да ни го даде. Борец и заслужен за сите добри работи што ни се случуваат. Ти си совршенство и инспирација“, напиша Георгина.

Георгина, која чека близнаци, не само што со убавите зборови го изненади Роналдо, му подари и впечатлив подарок. Таа на својот Инстаграм објави видео од изненадувањето. Го покани Роналдо да ја отвори вратата за да ја сними неговата реакција. Му откри дека неговата огромна колекција на автомобили се зголемува благодарение на црниот Cadillac Escalade што му го подарила. Роналдо веднаш седна зад воланот, а Алана Мартина, Ева и Матео исто така беа многу возбудени поради подарокот на нивниот татко.

„Животот е тобоган. Напорна работа, голема брзина, итни цели, големи очекувања… Но, на крајот, се се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството, вредностите кои го прават сето тоа вредно. Ви благодарам на сите за пораките! 37 и понатаму“, напиша фудбалерот.

На следниов линк погледнете какво изненадување му приреди Георгина и каква беше реакцијата на Роналдо.

https://www.instagram.com/reel/CZozf0_AFZd/?utm_source=ig_embed&ig_rid=b99a2c15-79b9-4239-a97a-8d261c5dafc3

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....