07:54 - 15 јануари, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ЦЕЦА ВО КРЕАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: Дивата препуштена на имагинацијата на „JZJ“

Попознат како „JZJ“, под името кое го носи и неговиот моден бренд, Златко Јовановски важи за еден од најхрабрите модни дизајнери на македонската сцена.

Како перфекционист во својата работа и дизајнер за кој не постојат граници во креирањето ги преплави светските магазини во изминатата 2020 година, а негови креации носеа светски познати имиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)


Креациите на Златко го привлекоа вниманието и на српската поп – фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца со која Златко неодамна оствари соработка. Фолк – дивата на еден од нејзините настапи блескаше во креакција на нашиот дизајнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)


„Соработката со Цеца дојде поодамна, кога нејзината стилистка ме контактираше и побара да дизајнирам нешто специјално за неа. Јас ја прашав во кој правец да оди дизајнот, а стилистката ми кажаа дека Цеца ги видела моите креации, дека ѝ се допаѓа сè што правам, па затоа ќе остави на мојата имагинација. Со 70% готова креација бев на проба во Белград. Таму ги дефиниравме украсите и деталите. На пробата владееше многу пријатна атмосфера и одлична соработка. Морам да додадам дека Цеца иако е едно огромно име на Балканот, е многу кул и бескрајно професионална. По тоа, креацијата ја финиширавме тука во моето ателје, и ѝ ја пративме за Белград.“, вели Златко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)


Крунисан за неговата работа, Јовановски со своите креации им дава храброст на дамите да го носат на себе тоа што отсекогаш го посакувале за еден за нив посебен ден.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо
Се вчитува....