9.8 C
Скопје
10:17 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Американската пејачка МАНИ ЛОНГ во креација на нашиот дизајнер ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: Рачно изработен блескав фустан кој ќе посакате да го носите

Попознат како „JZJ“, под името кое го носи и неговиот моден бренд, Златко Јовановски важи за еден од најхрабрите модни дизајнери на македонската сцена.

Како перфекционист во својата работа и дизајнер за кој не постојат граници во креирањето ги преплави светските магазини, а негови креации носат светски познати имиња.

Крунисан во неговата работа, Јовановски со своите креации им дава храброст на дамите да го носат на себе тоа што отсекогаш го посакувале за еден за нив посебен ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)


Негова креација се најде и на насловната на магазинот „Her world magazine“ co мега популарната Ава Макс, како и креации од неговиот бренд во магазинот „Harper’s Bazzar“ во Виетнам,  „Scorpio Jin Magazin“ во Америка и уште неколку фотосесии со познати имиња од светот.

Фото: Принтскрин / Instagram

Неговите креации за потребите на јавни настапи, како и фотосесиии носеа и најголемите балкански ѕвезди како Светлана Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша.

Фото: Принтскрин / Instagram

Овој пат Златко не изненади со уште една прекрасна креација во која овојпат заблеска американската ар-ен-би пејачка Мани Лонг. Мани објави фотографии на социјалните мрежи во креацијата на Златко, а дизајнерот објави фотографии од прекрасниот фустан фотографиран во неговото ателје.

Слични објави

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо
Се вчитува....