6.8 C
Скопје
09:21 - 27 октомври, 2026

ЈАХТАТА НА АМБРАВОВИЧ дочекана со протести во Турција: Со украински знамиња и „NO WAR“ пароли против „Соларис“

Нема мир за руските олигарси. Ниту во Турција.

Пристигнувањето на мега-јахтата на Абрамович во турска марина, во други ситуации, би ја поттикнало љубопитноста кај озборувачите, новинари и ловците на автограми и селфи. Наместо да го пречекаат прекрасниот „Соларис“ во пристаништето во Бодрум, според турскиот весник „Созџу“, гупа поддржувачи на Украина со моторни чамци, украински знамиња и натписи „NO WAR“ ѝ оневозможиле на мега јахтата на рускиот олигарх да се закотви.

Јахтата Соларис на Роман Абрамович, сопственик на Челзи и руски олигарх погоден од санкциите во украинската криза, сепак успеала да се закотви во пристаништето на турскиот туристички центар Бодрум, во Егејското Море, пренесуваат турските медиуми.

Турската приватна телевизија НТВ јави дека луксузната јахта најпосле се закотвила во јужното пристаниште на Турција, земја која не се приклучи на санкциите против Русија, по отпловувањето од Црна Гора.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....