5.8 C
Скопје
08:14 - 27 октомври, 2026

ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША отворено за семејната драма: „Сега имам и потврда!“

Душко и Јелена од 1 јануари ги полнат насловните страници на балканскиот печат. Најпрвин поп-дивата направи спектакл за дочекот на Новата година пред Собранието, а потоа, неколку дена подоцна, на Божиќ следеше драма во семејниот дом.

Јелена го пријави Душко за насилство, па судот му изрече забрана за приближување во траење од триесет дена.

Два месеци подоцна се чини дека прашината се спушти, но не и љубопитноста на јавноста која не престанува да се прашува што се случува во нивниот брак и во какви односи се сега Душко и Јелена.

По успешниот настап на Копаоник на фестивалот „Мјузик Вик“, повеќе од расположена, Јелена реши првпат да одговори на прашањето за нејзиниот сопруг.

На новинарско прашање каков е нејзиниот сегашен однос со сопругот Душко Тошиќ, Јелена имаше подготвен одговор.

– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам и потврда – кратко изјавила таа, а пренесува еспресо.рс

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....