17:13 - 1 април, 2026

(Видео) Двете балкански ѕвезди ги здружија силите: Слушнете ја новата песна на Здравко Чолиќ, напишана од Дино Мерлин

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ денеска ја објави новата песна „Бирај ти“, која настанала во соработка со уште една музичка ѕвезда Дино Мерлин, а за која спотот е снимен во Сараево.

„Јело, вечерва како некогаш моето тело ќе затрепери, од живот или од смрт, ти одбери…“ По цели две години ви ја подарувам песната „Бирај ти“. Тоа е само една во низата премиери која ќе биде увертира на 16-тиот студиски албум“, напиша Здравко Чолиќ на својот официјален фејсбук-профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Тој понатаму наведува дека „Бирај ти“ е носталгична приказна за спомените и сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а за чија судбина одлучува таа – Јелена.

„Тоа е песна која ќе ве расплаче и радува, но и ќе крши чаши – како од среќа, така и од тага. Текстот и музиката на песната ги потпишува мојот пријател Сарајлија, музичкиот волшебник Дино Мерлин. Зад музичкиот аранжман стои Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под палката на режисерот Арнеј Мисирлиќ. Благодарност до сите соработници и пријатели кои учествуваа во создавањето на овој музички проект. Песната е достапна на сите стриминг платформи и на официјалниот профил на Јутјуб. Ве сака вашиот Здравко Чолиќ“, напишал славниот Чола.

Како што се наведува, видеото е снимено во Сараево.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....