7.8 C
Скопје
10:37 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ЖИВОТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Кралското семејство споделува лични спомени

принц филип

Кралицата Елизабета ја отворила колекцијата од своите домашни видеа за да ги открие драгоцените моменти што принцот Филип ги поминал со своите деца, принцот Чарлс, принцезата Ана и принцот Едвард.

Најновиот документарен филм во чест на принцот Филип дава најинтимен поглед на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На видета од приватната колекција на кралицата Елизабета, објавена викендов, се гледа возбудениот принц Филип на мини-трицикл трки со младиот принц Чарлс и принцезата Ана додека младата кралица Елизабета трча зад нив, обидувајќи се да држи чекор со нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Друг фрагмент од семејната видео ризница го покажува Филип како весла на езеро со својот најмлад син, принцот Едвард, или ужива со децата покрај езерото, веројатно во Шкотска, каде за време на семејните летни одмори правел скара за целото семејство.

„Имавме среќа што го имавме скоро сто години“, вели принцот Чарлс во документарецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Исечоците се дел од новиот документарец на „Би-Би-Си“ насловен „Prince Philip: The Royal Family Remembers“, кој го слави животот на војводата од Единбург. Филмот ќе се емитува на 22 септември.

„Неговата голема присутност беше секогаш зад се што навистина направивме“, вели принцот Вилијам за неговиот дедо.

„Со мојот дедо секогаш се знаеше на што сте, ништо не беше скриено. Тој беше неотповиклив“, додава принцот Хари.

Според „Би-Би-Си“, повеќе од десетина членови на кралското семејство ги понудиле своите лични мисли и размисли во чест на извонредниот живот на принцот Филип, кој почина на 9 април, само два месеци пред неговиот 100-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

„Со посебен пристап кон приватната видео колекција на кралицата, овој филм е портрет на еден незаменлив човек со единствено место во кралската историја, од оние што го знаеле најдобро“, се вели во соопштението на „БИ-БИ-СИ“.

 

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....