7.8 C
Скопје
21:11 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) БРОЈ ЕДЕН ФИЛМ ВО СВЕТОТ: Новиот Спајдермен руши рекорди во заработката

Овој викенд филмот на Sony, „Spider-Man: No Way Home“ ги надмина очекувањата на бокс офисот, со заработка од 253 милиони долари од 4.336 кина во Северна Америка, пренесува „Variety“.

Последното поглавје од трилогијата во која Том Холанд го игра Спајдермен, првично се очекуваше да заработи од 130 до 150 милиони долари во текот на викендот, но брзо ги собори тие проценки. Уште првиот ден, филмот собра 121 милион долари.

Во странство, филмот собра 334,2 милиони долари од 60 меѓународни пазари за глобална сума од 587,2 милиони долари. Се рангира како трет по големина викенд на прикажување во светот зад „Avengers: Endgame“ (1,2 милијарди долари) и „Avengers: Infinity War“ (640 милиони долари).

„Историските резултати од „Spider-Man: No Way Home“ овој викенд, од целиот свет кога сме соочени со многу предизвици, го потврдуваат неспоредливото културно влијание што можат да го имаат ексклузивните театарски филмови кога се направени и пласирани со визија и решителност“, вели Том Ротман, претседател и извршен директор на Sony Pictures Motion Picture Group.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....