27.8 C
Скопје
00:25 - 22 август, 2026

БИЗАРНИ БОЖИЌНИ ТРАДИЦИИ: Гостите на кралицата Елизабета мора да се измерат по пристигнувањето…

Дали знаевте дека гостите кои за Божиќ ќе дојдат кај кралицата Елизабета мора да се измерат по пристигнувањето и заминувањето? Ви откриваме и други бизарни традиции.

Во кралското семејство постојат низа ритуали и навики од античко потекло, а на нив не секој успеал да се прилагоди. Две имиња пред сè: Дајана и Меган.

Лејди Дајана не можела да го поднесе ригорозното планирање и постојаните промени на гардеробата. А Меган Маркл била прилично збунета од ригидноста на ритуалите за време на Божиќ, кои почнуваат од рано наутро.

По пристигнувањето на гостите во божиќната резиденција на кралицата, сите нејзини гости, од Чарлс и Камила до кралските деца, мора да ја следат традицијата што датира од почетокот на дваесеттиот век: да се измерат на вага. Потоа, пред да заминат по ручекот и попладневниот чај, надополнети со коктели, џин и шампањ по желба, од нив се бара да се измерат и да докажат дека качиле барем половина килограм. Ова е за да ја увери кралицата дека сите биле задоволни од кујната.

Децата и внуците на кралицата се околу 50на гости за Божиќ, но, и покрај тоа што е голема резиденција, Сандрингам не може да понуди сместување за секого. Така, скоро сите малолетни кралски членови честопати мораат да се задоволат со импровизирано сместување во куќите и вилите лоцирани на различни точки на огромниот имот и вообичаено наменети за персоналот на Елизабета, кои пак се принудени да ги делат собите со слугите.

Размената на подароци во Виндзор е настан кој се одржува зад затворени врати на Бадник, но подароците мора да следат фиксно правило: мора да чинат неколку фунти, да се истакнат по оригиналност и да ја насмеат кралицата. Но тоа, на пример, не го знаела Лејди Дајана која која за нејзиниот прв Божиќ ѝ донела на кралицата вреден подарок и останала одбиена.

Дури и на Божиќ, во присуство на членови на блиското семејство, никој не може да почне да јаде пред кралицата да ја подигне вилушката на звукот на традиционалните гајди. А навечер е забрането да се повлечат во спалната соба пред тоа да го направи Елизабета. Со текот на времето, неколку гости се пожалиле дека кралицата не сака да легнува рано и за време на празниците сака долго да се задржува со своите внуци, предизвикувајќи ги на друштвени игри. И сега, кога има 95 години, останува да гледа телевизија до доцна, а кој и прави друштво е принуден да чека.

Ако сакате да имате разговор лице в лице со кралицата, асистентите на Елизабета препорачуваат да седите со неа на масата (за бриџ) што ненадејно се појавува во дневната соба, по вечерата, меѓу 24 и 25 декември. Кралицата сака да игра бриџ, а играта може да биде одлична можност да се запознаете со кралицата одблизу – таа со карти в рака дава совети, донесува одлуки и ужива во озборувањето со децата и внуците.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....