17.8 C
Скопје
18:13 - 18 октомври, 2026

(Видео) Азис со трогателна исповед: „Пораснав во дом со брутално насилство, татко ми многу ја тепаше мајка ми“

Во една од најемотивните епизоди од поткастот „Елизабетско“, бугарскиот пејач Васил Трајанов Бојанов, познат како Азис, се појави без „маски“, само како човек кој искрено и болно зборува за својот живот.

Разговорот ги допре темите на кариерата, љубовта и родителството, но најсилно одекна неговата потресна исповед за семејното насилство кое го одбележало неговото детство.

„Пораснав во дом исполнет со брутално насилство. Сè поради еден маж кој не можеше да се контролира,“ вели Азис, зборувајќи за својот татко.

Тој сведочи како со свои очи гледал како татко му ја претепува мајка му, сцена што засекогаш се врежала во неговото сеќавање.

„Да гледаш како ја тепи мајка ти со голи раце… Како да го засакаш тој човек? Никогаш не го сакав. Секогаш чувствував срам од него. Дури и кога почина – не почувствував ништо“, вели ѕвездата.

Како дете, се обидувал да ја заштити – се сеќава како зел нож и му се заканил на татко му.

„Му реков – ќе те убијам. Не ја тепај мама“, вели Азис.

Иако времето поминало, раната останала отворена.

„Татковци, мажи што кревате рака на жените – запомнете, вашите деца еден ден нема ни да ве погледнат. Како што ни јас не го погледнав татко ми“, потенцира бугарскиот пејач.

Азис открива дека со години се обидувал да биде „нормален“, односно хетеросексуален, само за да не предизвикува срам кај мајка си. Но колку и да се борел со себеси, не успеал. Денес се прифаќа таков каков што е.

Во срцето на неговиот живот стои мајка му, жената што го заштитувала дури и кога самата била незаштитена. Денес нивната врска е полна со почит, разбирање и љубов.

„Носиме иста душа,“ вели Азис.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....