-3.2 C
Скопје
00:19 - 19 јануари, 2026

(Видео) Андреа Коевска се изјасни зошто го фрлила знамето: „Држи“ ли извинувањето? Јавноста продолжува со реакции! Дали ќе следи најстрого санкционирање на македонската делегација за овој скандал?

По синоќешните жестоки реакации на македоската јавност на видео-снимката на која се гледа како макаедонската претставничка на Евровизија го фрла македонското знаме во Торино, каде што се моментно престојува пред евровизискиот настап,  Андеа Коевска се извени преку видео-обраќање.

– Да дадам една кратка изјава од тука од отварањето затоа што видов што се пишува по медиумите,

и едноставно не ми се верува зашто во последниве неколку дена единствено нешто што го правев е гордо се движев и насекаде го покажував македонското знаме, вели Андреа и додава – каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа побараа да го нема македонското знаме, делагацијата беше стварно многу подалеку од мене, и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, јас сум горда што доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова.

Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме.

Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова“ – изјави Андреа во краткото видео.

Дали ова видео ќе биде доволно за граѓаните да се смират и да ѝ простат?

Под видеото со извинување, и понатаму се редат критики: „Фрла симбол на државата! Нема што да објаснува. Кратко и јасно треба да следи санкција!“, напиша еден корисник на Јутјуб, „можеш барем да го едитираш видеото да не се глед како правиш фаци на иритираност“, додаде друг претплатник, „колку и далеку да е делегацијата можеше да го однесеш а не да го фрлаш„- се дел од низата коментари. 

Синоќа МРТ го осуди, како што оцени, скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Се додава дека против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

Во продолжение, да се потсетиме на спорниот момент за кој реагираше македонската јавност, а потоа се огласи и МРТ.

 

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ го „запали“ Инстаграм: Пејачката позираше во костим за капење со леопард принт

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно шокираше: Пејачката се спружи среде трговски центар, чантата и палтото ги фрли на подот

Еспресо

(Фото) Не остави ништо на фантазијата: Ѓина Џиновиќ позираше во краток свилен фустан, во преден план ѝ беа бујните гради

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски покажа чанта вредна 2.200 евра и порача: „Мажот ѝ дава на жената што ја сака“

Еспресо

(Фото) На 78 години има неверојатно тело: Верица Ракочевиќ покажа како изгледа во бикини на Флорида

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Биковите ќе се релаксираат, Стрелците ќе уживаат во друштво на најблиските

Еспресо
Се вчитува....