03:41 - 10 ноември, 2026

КОЈА Е ОДЛУКАТА НА МРТ ОТКАКО АНДРЕА ГО ФРЛИ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА ЗЕМЈА: Јавниот сервис се оградува скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка!

Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Скандалозен гест на Андреа во Торино: Порака? Што ќе ми е знамево (и земјава)

МРТ го осуди, како што оцени, скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка.

„

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.

Се додава дека против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....