13.8 C
Скопје
11:31 - 18 октомври, 2026

(Видео) Ана Николиќ крвава и вознемирена: Пејачката го пријави композиторот Горан Ратковиќ – Рале за насилство

Српската пејачка Ана Николиќ вечерва беше фотографирана во Ургентниот центар во Белград, каде што пристигна во придружба на своја пријателка. Според информациите од белградските медиуми, таа претходно дала изјава во полиција за насилство кое, наводно, го извршил композиторот Горан Ратковиќ – Рале.

Неколку часа претходно, Николиќ се огласи на својот инстаграм-профил, објавувајќи потресно видео на кое се гледаат рани по лицето и телото. На снимката, пејачката е видно потресена, во солзи, со крв на маицата, и вели дека била претепана.

„Крвава сум, молам јавете по помош, ми тече крв од сите страни“, може да се слушне на видеото кое предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

По пријавата, Ана изјави за српските медиуми дека повеќе нема намера да има контакт со Ратковиќ.

„Клучот ми остана кај него дома, полицијата е таму. Јас во таа куќа повеќе не одам ни мртва. Ова е крај, го пријавив во полиција, доста беше“, изјави пејачката.

По дадената изјава, Ана Николиќ побарала лекарска помош. На лекарските прегледи ѝ биле констатирани повреди на главата и рацете. Сепак, според медиумите, по доаѓањето во Ургентниот центар, пејачката била видно вознемирена, викала и правела сцени по ходниците.

Од другата страна, композиторот Ратковиќ за новинарите кусо изјавил дека е „добро“, додавајќи дека и двајцата дале исказ во полиција.

„Доаѓа до расправија, имам забрана за приближување 48 часа“, рекол тој.

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....