15:29 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО) AББA СЕ ВРАТИ: Легендарниот бенд објави нов албум по 40 години

Легендарната шведска поп група „AББA“ се враќа на музичката сцена со објавувањето на нивниот нов албум „Voyage“ по речиси 40 години од распаѓањето на познатиот бенд.

Бендот го најави новиот албум на почетокот на септември во Лондон и претстави една од новите песни „I Still Have Faith in You“.

Пред објавувањето на албумот, на јавноста ѝ беа претставени уште две песни „Don’t Shut Me Down“ и модернизирана верзија на песната „Just A Notion“, снимена во 1978 година, но не се најдоа на ниту еден албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Бендот најави и виртуелна турнеја со холограми на членовите.

Шведскиот квартет Агнета Фелтског(71), Ани-Фрид Лингстад(75), Бјорн Улвеус(76) и Бени Андерсон(74) беше активен од 1972 до 1982 година. Последниот албум на групата „The Visitors“ беше објавен во 1982 година. Со песната „Waterloo“ во 1974 година, „АББА“ победи на Евровизија.

AББA после 50 години: Како женскиот дел од групата ја преживеал големата трагедија и распаѓањето на групата?

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....