2.8 C
Скопје
02:22 - 20 март, 2026

Цели со дијаманти: Сораја носи чизми од 10.000 евра! (ФОТО)

Црногорската старлета Сораја Вучелиќ (33), често на друштвените мрежи се фали со луксузната гардероба и со модни додатоци. Така неодамна позирала во високи чизми до колена, опточени со дијаманти.

Станува збор за чизмите на германскиот моден дизајнер Филип Плеин (41), познат по скапоцените часовници, а цената на овие чизми изнесува вртоглави 9950 евра.

„Ти си тотално луда. За таа цена можеш да добиеш добра кола“, коментирал еден од обожавателите под фотографиите на Сораја на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што црногорската старлета во својот возен парк веќе има „ламборџини“ и “ферари“, изгледа дека не ѝ е проблем да „искешира“ 10.000 евра за чизми.

Сораја неодамна се сврши со синот на руски тајкун, кој постојано ја чести со скапоцени подароци.

Српските медиуми пресметале дека само ова лето на гардероба Сораја потрошила околу 40.000 евра.

 

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....