15.5 C
Скопје
00:18 - 5 јуни, 2026

Трагичен крај на музичкиот гениј: Денес се навршуваат 17 години од смртта на Дино Дворник

Денес, 7 септември, се навршуваат 17 години од смртта на легендарниот музичар Дино Дворник. Тој замина од овој свет во 2008 година, на само 44-годишна возраст, од комбинација на таблети за смирување, лекови против болка и антидепресиви. Веста ја потресе јавноста и остави голема празнина на музичката сцена.

Иако не го дочека, неговиот последен албум „Pandorina kutija“ беше објавен по неговата смрт и донесе неколку хитови како „Hipnotiziran“ и „Pelin i med“. Албумот освои пет „Порина“, а песната „Idem ća ka i moj ćaća“ многумина ја доживеаја како предчувство на повторната средба со неговиот татко, актерот Борис Дворник, кој почина истата година.

Музичката приказна на Дино започна во 1981 година во групата „Kineski zid“ заедно со брат му Деан. Тие го создадоа првиот фанк-албум на просторите на поранешна Југославија. Деан замина во Америка, а Дино ја започна својата соло кариера, низ која ќе остави безвременски хитови како „Zašto praviš slona od mene“, „Tebi pripadam“ и „Ti si mi u mislima“.

И покрај депресијата и зависностите што го следеа на почетокот на 90-тите, во 1995 година направи големо враќање со песната „Afrika“. Неговите уникатни звуци и денес живеат преку радиобрановите и телевизиите.

Дино беше во брак со сопругата Данијела, со која ја имаше ќерката Ела. Парот се венча во 1989 година, а само една година подоцна се роди Ела – наречена според песната „Ella E“.

Во повеќе наврати, Данијела раскажувала за нивната љубов полна со страст и турбуленции, но и за неговата добродушност и тага што ја носеше во себе. Таа и денес признава дека и покрај сите тешкотии би стоела покрај него доколку беше жив.

Ела Дворник, пак, денес со гордост зборува за своите родители. „Задоволна сум како испаднав, благодарение на мама и тато“, истакна таа во една своја емотивна објава.

Иако поминаа години од неговата смрт, музиката на Дино и натаму е актуелна. Доказ за тоа е податокот дека неговиот дебитантски албум „Dino Dvornik“ од 1989 година во 2023 повторно беше најпродавано издание во Хрватска.

Слични објави

(Видео) На нејзината фигура ѝ завидуваат двојно помлади од неа – Цеца Ражнатовиќ откри што секогаш има на нејзиното мени

Еспресо

(Фото) Кратка фризура и шишки – целосна трансформација на Аница Лазиќ

Еспресо

„Зошто децата треба да бидат вмешани во афери?“: Харис Џиновиќ проговори за помирувањето со неговата ќерка Ѓина

Еспресо

Зуица Лазова за најтешкиот разговор во животот: Најтешко ми беше да му кажам на татко ми

Еспресо

(Фото) Пристигна новата колекција на „Прагма“ – одберете елеганција инспирирана од светските модни метрополи

Еспресо

Убав повод за славење кај Дани Димитровска: Тишината кажува повеќе од многу гласни победи

Еспресо
Се вчитува....