19.7 C
Скопје
03:21 - 30 јули, 2026

Тијана Дапчевиќ ѝ се обрати на малата Тијана Дапчевиќ: Сите мисли ќе ти почнуваат со множина и зад секоја ќе стои љубовта

Тијана Дапчевиќ на Инстаграм објави емотивна порака во која се обрати себеси, односно на десетгодишната Тијана Дапчевиќ.

Таа на малата Тијана и даде совети за иднината, ја потсети на важни работи, ја охрабри, но и ја утеши за сè она што ја чека во животот.

Еве ја нејзината објава:

– Драга мала Тијана, заврши го училиштето. Глупав почеток, знам. Оваа порака можеше да почне на илјада поинакви начини, ама почна со училиштето, извини. Но училиштето е навистина важно. Не толку за опстанок, колку за главата.

– Уживај. Не грижи се, ќе има уште многу уживања, имаш само 10 години. Небото те сака. Верувај им на родителите, тие ти посакуваат само најдобро. Послушај ги кога мислиш дека треба, а секогаш сослушај ги. Подоцна ќе сфатиш дека биле во право и во ситуациите кога си била убедена дека си попаметна.

– Измиј ги рацете. И пред и по јадењето, задолжително. И гледај секогаш сè да ти биде чисто: и главата и собата и дворот. Кога сме кај дворот – гледај си го само својот. Не јади сè што лета – немој да си подводлива, не верувај секому. Чувај ги пријателите. За вечера не јади само виршли, земи некогаш и нешто друго. Намали го мајонезот. Секогаш музиката ќе ти биде лек, виолончелото другар, а сцената дом. И биди малку поамбициозна.

Instagram

– Барај ја Тамара и понатаму, не престануваj да ја бараш од Брана и од Велко зашто ништо поубаво во животот сè уште не ти се случило. Другиот дел од тебе е кај неа. Подоцна твоите маици ќе бидат кај неа, ама тоа не е важно.

Instagram

– За десетина години ќе го запознаеш Милан. Нему верувај му најмногу. Немој да имаш тајни пред него, а нема ни да сакаш да имаш, ќе видиш, ќе ти биде глупаво ако нешто не поделите. Ќе се иселиш од Скопје и тоа ќе биде момент кога не ти е важно во кој град си, туку кој е таму со тебе, па само вселената ќе ви биде доволна. Оттогаш сите мисли ќе ти почнуваат со множина и зад секоја ќе стои љубовта.

– Ќе дознаете дека ќе добиете дете. А потоа сепак нема да добиете. И тоа баш така, во една безвезна реченица, како ништо да не се случило, како само да си испуштила од рацете купче џамлии со кои сега ти е полна собата. Kако сè да било само сон… Можеби и е, којзнае.

– Подоцна пак ќе ја слушнете онаа убава вест, ама овој пат е вистинска. Никој не се шегува, никој не сонува. Се гледаш ли сега себеси? Е, таков ќе биде и тој. Ќе го земе само најдоброто од мама и од тато, да биде цел човек. Кој би рекол, а? Ти мајка! Кога ќе дојдеш до тој дел, ќе видиш дека целиот живот пред него бил генерална проба.

Instagram

Слични објави

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.
Се вчитува....