5.8 C
Скопје
07:33 - 1 април, 2026

„The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите: „Корумпирани сте!“

На музичарот не му е сеедно поради наградите кои сигурно нема да ги добие….

Популарниот рнб музичар Бел Тесфаје, со уметничкото име „The Weeknd“ (30) оваа година не се најде меѓу номинираните за Греми наградите што очигледно го налути.

Тој со бес се пожали на социјалната мрежа Твитер и ги повика организаторите на овој проект, што предизвика големо внимание во јавноста.

„Греми и понатака се корумпирани. Ми должите на мене, на моите обожаватели и на транспарентноста во индустријата“, напиша музичарот.

Музичарот е револтиран бидејќи останал без номинација и покрај неговиот нов албум „After Hours“, кој ја содржи и песната „Blinding Lights“, со која се искачи на врвот на музичките топ листи ширум светот.

Додека едни се согласија со него, други го критикуваа поради потегот сметајќи дека е претеран.

Инаку, цремонијата за доделување на Греми наградите е предвидена за 31 јануари, но поради епидемијата на коронавирусот засега не се знае дали ќе биде онлајн или номинираните физички ќе бидат присутни.

Да се потсетиме „The Weeknd“ пред неколку дена, на 23-ти ноември, се појави на доделувањето на „American Music Awards” со завои на лицето, со што испрати силна порака до сите.

Фото: Инстаграм

Рнб музичарот доби „AMA“ награда за омилен соул-рнб албум на годината.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....