24.8 C
Скопје
15:13 - 28 септември, 2026

Тешки денови во домот на Џејла Рамовиќ: Пејачката ѝ ја исполни желбата на мајка си, па се огласи и откри сè

Пејачката Џејла Рамовиќ ја објави песната „Бол“, за која сними и видеоспот, а многумина беа трогнати кога победничката на „Ѕвездите на Гранд“ по објавата на песната ѝ се обрати на мајка си.

Рамовиќ откри дека токму мајка ѝ ја охрабрила да ја сними песната, која настанала во еден од најтешките периоди за нивното семејство:

„Сите го видоа спотот пред мама, таа не сакаше да го гледа пред да излезе песната. Во суштина, оваа песна главно е снимена по нејзина желба. Ми рече да ја снимам во време кога бевме во семеен хаос и колективна тага. Мене ми се допадна веднаш, но сакав и да ѝ ја исполнам желбата. Кога луѓето чувствуваат болка, им годи да слушаат текстови што зборуваат за тоа – и олеснува и отежнува, но треба да им се дозволи на срцето и душата да тагуваат колку што им е потребно“, рече Џејла.

Таа објасни дека песната може да се доживее на различни начини – како загуба на емотивен партнер или сакана личност, па дури и како губење на себе си:

„Со спотот сакавме да донесеме една поинаква емоција – губење на себе. Младите често се губат себеси, не знаат кои се и што сакаат. Со спотот покажувам дека се губам себеси поради некој настан кој ми нанел болка. Додека не го разбијам тој чувство, моето тело е во кома, а душата жива. Дури кога ќе го разбијам, телото повторно може да дише“, рече таа.

Џејла додаде дека песната ја снимала за својата душа и дека не очекувала толку многу пофалби:

„Искрено, не се надевав на толку добри реакции. Секогаш кога објавувам песна имам трема како првпат. Мислам дека овојпат допрев и до луѓе што досега не слушале моја музика. Жал ми е што луѓето се тажни, гледам колку патат за одредени нешта“, изјави за N1 БиХ.

Слични објави

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо
Се вчитува....