03:06 - 8 ноември, 2026

Телото на исчезнатата инфлуенсерка пронајдено покрај патот

Алексис Шарки, 26-годишната инфлуенсерка пронајдена е мртва покрај патот во Хјустон, откако некои минувачи виделе дека во грмушките се гледаат женски нозе.

Девојката исчезнала еден ден по Денот на благодарноста, откако, како што изјавила нејзината мајка, се скарала со засега неидентификувано лице.

„Денот на благодарноста беше непорен ден и за неа и за нас, па само кратко се слушнавме преку пораки. А петок, искрено, петокот го испуштивме. Беше напорен ден, тој ден не зборувавме, а потоа во петокот вечерта таа исчезна. Оттогаш не сме ја виделе ни слушнале“, открила мајка ѝ пред да биде пронајдено нејзиното тело.

По пронаоѓање на телото мајката на Алексис изјавила дека е убедена дека станува збор за сомнителна смрт и дека тоа „никако не може да биде несреќен случај“.

Алексис се омажила во 2019 година и се преселила во Хјустон. Нејзиниот сопруг Том се простил од неа преку порака на социјалните мрежи.

„Никогаш не сум видел ни почувствувал таква убавина. Ти си мојот свет. Ми го направи животот неверојатен, му даде смисла на моето постоење. И ми покажа како треба да се сака“, напишал Том.

Алексис на телото немала видливи повреди, а во тек е истрага за нејзината смрт, пренесуваат американските медиуми.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....