20:01 - 10 ноември, 2026

Судската одлука во суми: Колку Амбер Херд сега треба да му плати на Џони Деп за клевета, а колку Деп треба да плати; се огласи и Камила Васкез

Колку Амбер Херд треба да му плати на Џони Деп за клевета, откако е донесена пресудата и таа е обвинета за клевета на поранешниот сопруг.

Вечерва во 21 часот, беше објавена конечната пресуда на макси судењето, во полза на Деп.

Сепак, и двајцата ќе треба да плаќаат.

Пресудата на поротата беше прочитана на глас пред судот Ферфакс во Вирџинија: присуствуваше актерката од Аквамен, но не и нејзиниот поранешен сопруг, кој отсуствуваше поради работни обврски во Англија. Во центарот беше барањето за 50 милиони долари од ѕвездата на Пиратите од Карибите затоа што беше наклеветен со напис објавен во Вашингтон пост – напишан од Амбер Херд – во кој имаше наводи за насилство. Контра-барањето на актерката изнесуваше 100 милиони долари бидејќи Деп ја нарекувал „лажга“.

По шест недели судење, Амбер Херд загуби и сега треба да плати отштета.

Судот пресуди дека Амбер Херд ќе мора да му плати на поранешниот сопруг 15 милиони долари отштета поради клевета.

Поротата му додели на Џони Деп отштета од Амбер во вредност на 10 милиони долари, плус 5 милиони долари казнена отштета, но судијката Пени Аскарате ја намали втората (казнената отштета) на 350.000 долари. Станува збор за бројки под 50-те милиони што ги бараше тужителот, но сепак голема сума за Херд, повеќе од двојно поголема од алиментацијата доделена во моментот на разводот.

Деп пак, е осуден на 2 милиони долари отштета кои треба да ги плати на Амбер за нејзината контра-тужба, за која првично таа бараше 100 милиони долари (во случај да го добиеше судењето). Поранешниот адвокат на Џони Деп, Адам Валдман, изјави за Дејли Меил дека Херд направила „фарса“ кога повикала полиција во мај 2016 година. Поротата во конечната пресуда пак, тврдеше дека добила јасни и убедливи докази од актерката и го осуди тужителот да плати 2 милиони долари за клевета.

Еве кој ПОБЕДИ во случајот Деп -Херд, очекувавте?

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....