15:33 - 29 ноември, 2026

Сопругата на Саша Поповиќ проговори за неговото здравје: Музичарот е видно ослабнат и непрепознатлив!

Српската фолк-пејачка Злата Петровиќ синоќа присуствувала на прославата по повод полнолетството на ќерката на нејзиниот колега Јане Тодоровиќ, а по тој повод зборувала и за здравствената состојба на познатиот музички продуцент Саша Поповиќ, кој веќе извесно време се соочува со здравствени проблеми и не е виден во јавноста.

Имено, Злата изјавила дека е во редовен контакт со неговата сопруга, пејачката Сузана Јовановиќ и дека има позитивни вести за неговото закрепнување.

– Се слушнав со Сузана, разговаравме два часа. Фала му на драгиот Господ Бог што здравјето му се подобрува. Знам дека Сале е змеј и дека ќе освои сè што може да се освои – изјави Злата за Република, пренесувајќи оптимистички прогнози за здравјето на Поповиќ.

За потсетување, публиката со нетрпение го очекува враќањето на Саша Поповиќ на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Оваа сезона поради нарушено здравје, тој не се појави на снимање на новите емисии, а некои од неговите соработници откриваат дека здравствената состојба му се подобрува.

За здравјето на Саша неодамна проговори и неговиот пријател, водителот Жика Јакшиќ, кој потврди дека Поповиќ се чувствува многу подобро.

– Пред некој ден беше во студиото „Гранд“, се поздрави со сите. Тоа е најважно. Се подобрува, така изгледа. Тоа е важно – изјави неодамна Жика.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....