15:10 - 7 ноември, 2026

Сопругата на познат српски пејач задржана во полиција, направила хаос во раните утрински часови

Марија Булат, сопругата на пејачот Марко Булат, наводно била задржана во полициска станица по инцидент што се случил во нејзиниот стан во Нов Белград, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, таа претходно била во ноќен излез, по што рано наутро се вратила дома, каде настанала драма. Наводно, викала и правела врева, по што била повикана полиција.

Извор близок до случајот тврди дека полицијата брзо реагирала, а на местото пристигнала и Итна медицинска помош. На Булат ѝ бил направен алкотест, по што била однесена во полициска станица и задржана.

Инцидентот доаѓа само неколку дена откако Марија го пријави својот сопруг за наводно семејно насилство.

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со Марко Булат, но тој не одговорил на повиците.

Жителите од зградата каде живее парот велат дека ваквите ситуации не се реткост. Дел од нив тврдат дека не слушнале ништо, додека други наведуваат дека често имало расправии.

Марија претходно изјави дека најважно ѝ е децата да не бидат изложени на вакви ситуации, додавајќи дека ќе направи сè за да ги заштити.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за случајот.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....