11:11 - 31 март, 2026

Софија Вергара проговори за борбата со рак

софија вергара

49-годишната актерка Софија Вергара проговри за нејзината реакција кога дознала дека има рак во доцните дваесетти години за време на хуманитарен настан во саботата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

„На 28 години за време на рутински преглед, мојот лекар почувствува грутка на вратот. Потоа, направија многу тестови и конечно ми рекоа дека имам рак на тироидната жлезда. Кога си млад и го слушаш зборот „рак“, умот помислува на многу работи, но се обидов да не паничам и решив да се образувам”, вели таа.

„Прочитав многу книги и открив сè што можев за тоа. Имав среќа што го фативме рано и имав поддршка од моите лекари и што е најважно, од моето семејство. Научив многу за тоа време, не само за ракот на тироидната жлезда, туку и научив дека во време на криза, подобри сме заедно“.

Вергара тогаш ги истакна многуте начини на кои светот се здружи во текот на минатата година, од научници кои соработуваат за вакцини против КОВИД-19, па се до активисти за социјална правда кои се залагаат за поправедна иднина.

„Подобри сме заедно и ако сакаме да ставиме крај на ракот, тоа ќе бара тимски напор“, заклучи таа.

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....