8.8 C
Скопје
22:47 - 28 март, 2024

Дали е ова нормално!?! ОВИЕ 16 НЕШТА СЕ ЗАБРАНЕТИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА

Поради Ковид пандемијата, многу нешта се забранети во речиси сите држави во светот. Се жалиме дека ни е ограничена слободата и дека ни се скратени многу човекови права. Но, ајде да погледенеме во забраните во Северна Кореја, каде, иако не се допрени од пандемијата на вирусот, сепак се затворени за нешта кои ние не би можеле ни да си ги замислиме. Дел од нив сигурно ви се познати, но дел од нив ќе ве остават во неверување. Ги одбројуваме 16-те работи што се забранети во Северна Кореја:

  1. Западна мода

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун забрани фармерки и друга облека од Западот во два региони што се граничат со Кина. На овој начин, Пјонгјанг се обидува да се бори против влијанието на западната култура, која продира во земјата од нејзините соседи.

Фото: Инстаграм
  1. Кока-Кола

Поради трговското ембарго за Кока-Кола наметнато на Северна Кореја, добивањето шише од овој пијалок воопшто не е лесно. Познато е дека некои елитни продавници во Пјонгчанг продаваат само еквиваленти на Кока-Кола произведени во Кина.

  1. Фризури

Ким Јонг Ун одобри само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од официјално одобрените фризури не дозволува промена на бојата, па затоа купувањето боја на коса воопшто не е лесно!

  1. Хигиенски влошки

Улошки и тампони за еднократна употреба воопшто не се продаваат во Северна Кореја. Жените користат улошки за повеќекратна употреба.

  1. Презервативи

Сите видови на контрацепција се забранети во Северна Кореја. Затоа, наоѓањето кондом е многу тешка задача. Многу возрасни Севернокорејци се пресреќни кога за подарок добиваат кондом.

Фото: Инстаграм
  1. Недвижности

Владата на Северна Кореја има ексклузивно право на целата земја и недвижен имот. Ова го прави речиси невозможно купувањето и продавањето на куќи или станови. Како и да е, Севернокорејците наоѓаат начини да го сторат тоа, што доведе до неодамнешно олабавување на законот.

  1. Дизајнерски обувки

Ако случајно имате намера да барате чевли Manolo Blahnik или некој друг познат бренд во Северна Кореја – мора да ве разочараме. Таму не се достапни дизајнерски чевли, со исклучок на регионот што се граничи со Кина, каде што можете да купите чевли со високи потпетици од кинеско производство.

  1. Новогодишна елка

Северна Кореја е официјално атеистичка земја. Сите верски обреди се забранети или строго контролирани од владата. Затоа не можете да купите или чувате божиќни украси во куќата, вклучително и елка.

  1. Старбакс

Во оваа земја не постои ланец на Старбакс. Ако сакате да пиете кафе во Пјонгчанг, можете да отидете во едно од популарните кафулиња Рионгванг.

Фото: Инстаграм
  1. Кабловска телевизија

Има само 4 официјални ТВ канали во земјата. Цензурата на владата е толку силна што нема друга телевизија во земјата.

  1. Западњачки списанија

Севернокорејскиот пропаганден апарат ги забранува сите видови странски весници и списанија. Владата и специјалните агенции следат сè што е отпечатено. Тука нема списанија за мода и начин на живот. Сè што можат да прочитаат Севернокорејците е од едукативна природа или е поврзано со идеологијата Џуче.

  1. Wi-Fi и меѓународна телефонија

Од 15 -те милиони жители на Северна Кореја, само еден милион имаат мобилни телефони, но ниту тие не можат да се јават во странство. Исто така, постојат ограничувања за користење на 3G мрежата. Спротивно на тоа, странците кои влегуваат во земјата можат да купат СИМ -картичка, но само за повици во странство.

  1. Билети за музички концерти

Многу малку странски изведувачи добиваат дозвола за настап во Северна Кореја, така што овде нема да можете да одите на концерт на вашиот омилен бенд. Единствената група на која ѝ беше дозволено да настапи, беше словенечкиот бенд „Лајбах“. Нивниот концерт се одржа во Пјонгчанг во 2015 година. Севернокорејците можат да присуствуваат на концерти само на локални изведувачи.

Фото: Инстаграм
  1. Епл

Постои ограничување за продажба на какви било модерни високотехнолошки уреди во Северна Кореја. Не можете да купите Ајпад на Епл. Но, Северна Кореја разви свој таблет, за кој нејзините креатори тврдат дека не е полош од кој било западен.

  1. Спортски автомобили

Уште еден луксуз што е апсолутно невозможно да се постигне во оваа земја – купувањето скап спортски автомобил е целосно невозможно, поради санкциите кон Северна Кореја од страна на ОН и Европската унија.

  1. Годишни одмори во странство

Граѓаните на Северна Кореја не можат да патуваат во други земји на одмор. Тоа е кршење на човековите права, но Севернокорејците веројатно воопшто не се свесни за тоа.

Севернокорејските лидери се обидуваат на секој начин да спречат надворешно влијание врз нивната земја. Тие забрануваат многу работи, но светот во кој живееме оди напред. Нелогично е да се очекува Северна Кореја да остане иста засекогаш. Сепак, луѓето и нивниот начин на живот постепено се менуваат, благодарение на нивните северни и јужни соседи.

 

 

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....