11.8 C
Скопје
14:01 - 20 февруари, 2026

„Слушај ти, жениште, седи доле кога јас велам“! Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ се направија „лом“: „Поповиќ, ти си неписмен“!

Во последното издание на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ дошло до жестока расправија помеѓу Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ. За првпат паднале тешки зборови меѓу нив, а пејачката на директорот му кажала дека е неписмен и дека не знае да ја води работата.

Имено, Вики прва му забележи на Саша не се однесува фер кон кандидатите, бидејќи на музичките уредници кои работат кај него им е дозволено да грешат во интонациите и си тоа натпреварувачите звучат лошо. Тоа го извади Саша од такт, па настана кавга.

– Двете песни на девојката се ниски и за тоа сум во дилема како пее таа. Саша, тоа значи дека твоите музички уредници не ја завршуваат работата како што треба, тоа не смее да се случува – викала Вики, а Поповиќ се обиде да и објасни дека таа греши.

– Чекај бре Вики! Матрицата е испратена во тоналитет во кој учесникот требал да пее. Кога дојде на генералната проба девојката бараше да пее пола тон пониско, така да ВИки немој ти мене да ми зборуваш што треба и како треба. Во првиот круг натпреварувачите сами избирааат од каде ќе пеат, а кога ќе ги превземат менторите,  тогаш се одредува дали смее или не смее да се симне некој тон подоле. А, за колку таа требала да пее повисоко, ајде ти кажи ми – се дерел Поповиќ на Вики, а таа веднаш му врати!

– Прво си неписмен и не се кажува „висински“, туку високо. Второ, требаше за цел тон повисоко да пее, а тоа се докажа и сега кога девојката отпеа со понизок тон. Не можеме реално да ги слушнеме пејачите, бидејќи ништо не превземаш околу тоа прашање – била сурова Вики, а Саша продолжи да се кара.

– Слушај ти, женеште едно, седи доле кога ти велам јас. Седи бре таму немој ти мене да ми кажуваш како и што треба да се прави – викал директорот на Гранд, а пејачката не престанувала да се објаснува.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.
Се вчитува....