15:42 - 29 ноември, 2026

Синот на Лепа Брена ја напушти Србија: Ги спакува куферите без девојка си и ужива во луксузната вила што ја купила пејачката

Виктор Живојиновиќ ги спакувал работите и заминал од Србија, а сега се огласи од Америка, поточно од Мајами, каде што ужива со семејството.

Семејството Живојиновиќ со години поседува луксузна вила во Мајами, каде што моментално сите престојуваат и уживаат.

Виктор Живојиновиќ објави сет фотографии и покажа како го поминува времето со својот малечок внук, синот на Александра Пријовиќ.

Семејството Живојиновиќ таму ужива во убавото време и често посетува ресторани каде што се почестуваат со морски специјалитети.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години ја поседуваат оваа куќа во Мајами, но освен неколку фотографии од внатрешноста, јавноста немала можност да види како изгледа оваа недвижнина. Станува збор за куќа изградена во 1950 година, во типичен американски стил.

Куќата има двор со базен, кој е значително помал од оној што семејството го има во вилата на Бежаниска коса во Белград.

На еден официјален сајт за недвижности стои дека вилата била продадена во јули 2010 година за 950.525 долари, односно 806.706 евра.

Истиот сајт наведува дека куќата има површина од 222,96 квадратни метри и располага со две купатила.

Инаку, покрај недвижнините во Мајами и Белград, Брена и Боба наводно имаат и стан во Монте Карло.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....