21.8 C
Скопје
17:55 - 12 јуни, 2026

Што е вистината за видеото со „претепаната Ана Николиќ“? Ѝ го наместил пријател во кој имала доверба?

Во неделата се појави вест која брзо одекна во јавноста – познатата пејачка Ана Николиќ наводно била тешко претепана. Истовремено, на интернет се појави видео-снимка на која се гледа нејзиното лице со модринки, подуени усни, подливи и гребаници.

Насловот на видеото беше: „Претепана Ана Николиќ“, без никакви детали за тоа кој ја нападнал или зошто. Многу портали веднаш го презедоа видеото и објавија вест тврдејќи дека Ана навистина добила ќотек.

Но, според информации на српскиот медиум „Курир“, сè е резултат на предавство од нејзин доскорешен близок пријател, во кого имала огромна доверба. Таа му ја испратила снимката пред две години за да му покаже како ѝ изгледа лицето по третман за регенерација на кожа. Пријателот, наводно, го чувал видеото до моментот кога ќе му се укаже „вистинската шанса“ да го објави.

Изворот за „Курир“ вели дека нивното пријателство неодамна завршило по кавга, по што Ана го избркала од својот дом. Причината за расправијата не е позната.

По веста дека е претепана, Ана реши да се огласи и објави видео на кое заедно со Рале се релаксираат покрај базен. Таа јасно покажа дека не е претепана и демантираше сè со сарказам.

Слични објави

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

Инди проговори за односот со сестра ѝ Едита: „Ме блокираше, се надевам ќе ми дозволи да го видам бебето“

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ го покажа рамниот стомак, сите ѝ порачаа дека никогаш не изгледала подобро

Еспресо

Сите зборуваат за Лаза Лазаревиќ, но кој бил човекот по кого најпознатата психијатриска клиника во Белград го добила името

Е.А.

(Фото) Семејна идила – Нивес Целзиус ја прослави матурата на ќерката заедно со бившиот сопруг и неговата девојка

Еспресо

(Фото) „Секоја вечер пред спиење ја поминувам вака“: Данијела Димитровска покажа како се подмладува

Еспресо
Се вчитува....