17:15 - 7 ноември, 2026

Рада Манојловиќ откри дали ќе ја обнови врската со Милан Станковиќ: „Тој е посебен човек!“

Рада Манојловиќ, која во минатото беше во врска со пејачот Милан Станковиќ, повторно се огласи во јавноста со коментар за него и неговиот духовен пат. Таа откри дека иако понекогаш се слушаат, Милан ретко ѝ одговара.

– Него го нема! Ми одговара по пет дена. Не знам дали нешто подготвува или се крие и од мене, само се јавува да каже дека е жив. Јас не сум за таа крајност – да се замонаши. Тоа е добро за луѓе што не гледаат смисла во оваземни уживања, но тој има обврска кон публиката, кон мене, кон љубовта и кон музиката. Му реков дека ни манастир нема да може да го извлече и нека заборави на монаштвото – изјави Рада отворено.

На прашањето дали би можеле повторно да бидат заедно, таа одговори:

– Му реков дека никогаш нема да има пријател како мене. Треба да се разбере, тој е посебен лик, посебен човек. Тешко е емотивно да се случи нешто меѓу нас… Верувај, тој се радува на моите љубови – изјави таа за „Курир“.

Иако неодамна се појавија шпекулации дека Милан има нова девојка, Рада вели дека од него не добила никаква потврда.

– Не знам ништо за тоа. Не ми кажал дека има девојка – кусо одговори Рада за „Информер“.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....