9.8 C
Скопје
01:30 - 18 март, 2026

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: Дали Адел најавува нов албум?

адел

Милиони луѓе ширум светот го очекуваат новиот албум на пејачката Адел и го следат секој нејзин чекор и активност на социјалните мрежи за кои сметаат дека би можело да значи најава за објавување на албумот по шест години.

Пејачката сега ги промени профилните фотографии на социјалните мрежи, а фановите ширум светот тврдат дека ова е еден од знаците дека новиот албум наскоро ќе го види светлото на денот.

Нивната теорија беше дополнително поддржана со проекција на бројот 30 на билборди и згради низ целиот свет.

Бројот 30 е забележан во Ирска, Дубаи, Рим, Токио, Лондон, Париз и други градови, а фотографиите од осветлени згради со тој број не престануваат да кружат на социјалните мрежи.

Многумина веруваат дека Адел ја следи претходната традиција за именување албуми по возраст. Таа го објави албумот „19“ во 2008 година, албумот „21“ беше објавен во 2011 година и албумот „25“ во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Фановите исто така забележаа дека фонтот е сличен на оној што таа го користеше во минатото. Пејачката имаше 30 години кога се разведе од сопругот Симон Конечки.

Оттогаш, таа го искористи времето за да работи на својата музика во Лос Анџелес, губејќи речиси 40 килограми и пронаоѓајќи нова љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

извор: „Индекс“

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....