5.8 C
Скопје
04:51 - 1 април, 2026

Шарлиз Терон: Никогаш немав желба да се омажам, немам ниту денес

Изгледа дека Шарлиз Терон одлучи да ги израмни сите сметки со поранешниот партнер, актерот Шон Пен. Гостувајќи во радио емисијата „The Howard Stern Show“, каде го промовираше својот нов филм „The Old Guard“ кој го сними за „Netflix“, остана малку изненадена кога водителот Хаувард Стерн ја праша да ги коментира гласините дека таа била верена за денес 59-годишниот актер.

„Што? Тоа не е вистина. Не. Не ни размислував за свадба со Шон. Бевме во врска, но тоа беше тоа – врска. Беше тоа само врска дефинитивно, но траеше само една година. Никогаш не започнавме заеднички живот. Никогаш не би се омажила за него. Тоа не беше ништо слично на брак.“

инстаграм

Шарлиз Терон и Шон Пен беа во врска од 2013 година, а врската ја прекинаа во 2015 година. На прашањето на Хаувард Стерн дали некогаш размислувала за брак и дали се чувствува осамено, Терон одговори:

инстаграм

„Никогаш немав желба да се омажам, немам ни денес. Тоа никогаш не беше нешто што ми е важно. Се колнам во животите на своите деца, никогаш не сум била осамена ниту пак сум се чувствувала така. Во мојот живот во моментот нема место за некоја романтична врска. Уживам да ми „местат“ мажи, но не верувам дека некогаш ќе бидам подготвена да живеам со некого. Да бидем целосно искрена, веројатно тој некој би морал да купи куќа покрај мојата. Престара сум за такви работи“, заклучи таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....