Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки во светот ги одушевила своите фанови со новиот едиторијал кој го правела за магазинот Harper’s Bazaar.
Иако на фотографијата што ја краси насловната е во прилично предизвикувачко издание, она што посебно ги воодушевило нејзините фанови е што славната тенисерка барала фотографиите да ги објават какви што се, без употреба на фотошоп или друго поправање.
„Ме нарекуваа со сите можни имиња. Ми се смееја поради обликот на телото. Бев помалку платена поради својот пол. Казнета сум во финалето на турнирот бидејќи сум го искажала мислењето или сум промрморела гласно. А тоа се само работи кои јавноста ги гледа. Накратко, никогаш не ми беше лесно“, рекла Серена и додала дека со ова сака да ги мотивира другите девојки кои можеби немаат доволно верба во себе.