16.8 C
Скопје
14:58 - 10 март, 2026

Сепак одат на суд: Пејачката Тања Савиќ ќе го тужи сопругот!

Повеќемесечната борба, на која се’ уште не ѝ се наѕира крајот, доби нова нишка на надеж. Пејачката Тања Савиќ одлучи да го тужи сопругот Душан Јованчевиќ.

За ова ја извести јавноста во интревјуто за ИДЈ, а откри дека е одреден и датумот на судењето. Сега конечно чувствува олеснување и голема доза на позитивна енергија.

– Конечно добивме датум за судењето. Тоа е 19 февруари, па штом олку чекав досега, ќе почекам уште толку, така што тоа ми дава уште една надеж и некаква нова димензија на среќа дека ќе ми се исполнат соништата и дека ќе победи правдата, бидејќи живеам за неа. Правдољубива личност сум и не сакам никој да страда. Работите што ми се направени не би му ги направила никому. Сметам дека секоја мајка треба да биде покрај своите деца. На децата им е местото покрај неа. Не велам дека не им е и покрај таткото, но никој нема право да ги одделува од мајката“, искрена беше Савиќ за IDJ.

Пејачката верува дека ситуацијата ќе се одвива во нејзина полза и дека ќе се реши во краток временски рок.

– Верувам дека ќе биде така, имам такво чувство. Австралиските органи ми ја пренесоа оваа убава вест.“

– Не се слушам со него. Тој изрази желба да не му се јавувам, а јас ја почитувам. Сега се јавувам исклучиво на телефонот на неговата мајка, а таа ако не може да одговори, мене ми е ускратена можноста да разговарам со децата. Тоа се разговори од 5 до 10 минути, како на лажица. Мора да имам трпение, кога досега имав олкави живци, мора да издржам!“

Слични објави

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin
Се вчитува....