13.8 C
Скопје
08:07 - 16 април, 2024

Пејачи, спортисти, актери, водители се „шалтаат“ во политика: Миро и Димитар откриваат кои се причините!

Сведоци сме дека многу наши јавни личноти, пејачи, спортисти и актери запливаа во политички води. Дел од нив само се пробаа и се уверија дека тоа не е за нив, но има и такви кои се уште пливаат…

И на денешната политичка сцена можеме да видиме јавни личности кои сме ги запознале како пејачи, водители или спортисти, овојпат да ги бранат боите на политичките партии во кои членуваат.

Дел од нив се само членови без некаква позначајна титула, но има и такви кои добиваат функции. Таков пример во моментов е Директорот на Агенција за млади и спорт, славниот ракометар Наумче Мојсоски.

На „другата“ страна пак активно во политиката заплива и „министерот“ за одбрана, ракометниот голман Борко Ристовски.

Од актерите први што ни доаѓаат на памет се Тони Михајловски, Владо Јовановски, Петар Арсовски, Јелена Жугиќ и уште неколку други. Исто така долги години поддржувач на една политичка партија е ѝ пејачот Бени Шаќири.

Исто така од неодамна во политиката „влезе“ и познатиот водител на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Мирослав Кацаров. Тој е член на политичката партија ЛДП и во последно време е се повеќе активен на тоа поле.

„Еспресо.мк“ поразговара со Кацаров токму на оваа тема. Го прашавме која беше причината да реши да се занимава со политика.

Мирослав Кацаров/Инстаграм

– Сакам политика, слушам политика, следам политка, учам политика, завршив политика на Факултет. Мислам без разлика дали сум јавна личност или не после сето ова што ви го набројав жално е млад човек да не се занимава со таа пуста политика. Морам да признаам дека ми е чест и задоволство што сум член на Централниот комитет и Потпретседател на Штип на една од најаваградните партии во Македонија – Либерално –Демократската парија. Но ако ги следиме светските и европски трендови, а ги следиме, ќе видиме дека во сите кампањи на политичари се почесто се појавуваа луѓе од јавниот живот, без разлика дали се пејачи, актерки, спортисити, водители, новинари… Мислам дека и во Македонија би било убаво да продолжи да се практикува овој тренд – вели Кацаров.

Димитар Атанасовски/Инстаграм

Директно или индиректно во политичките води е ѝ водителот Димитар Атанасовски. Тој вели дека во политика се вклучил од идеолошки побуди. Верува во македонско национално обединување, бидејќи потекнува од егејскиот дел на Македонија.

– Активен бев долго време во унијата на млади сили на Вмро-Дпмне, последно како координатор на централните комисии, која до ден денес ја сметам за големо семејство. Од таму стекнав многу другарства, со голем дел од нив, до ден-денеска се дружам. Но, она што е доста поразлично од подмладок до оние што навистина учествуваат активно со политички функции, како во партијата, така и на државно ниво, е во начинот на работење и активностите кои ги имаш. Ние во УМС имавме активности, за зачувување на историјата, за подигнување на свеста за здравјето, спортски активности, додека сениорите и сами знаете со што се занимаваат. Од денешен аспект, воопшто не се каам што сум имал активно учество во политичка партија, иако немав никаква политичка функција или пак да бидам вработен како функционер на партијата (а никогаш не би сакал да работам во државна администрација), тоа е едно големо искуство за мене. Единствено ми е мило, што не продолжив со активности во сениори, зошто таму е тотално друга приказна, многу ножеви во грб се зариваат, премногу лични интереси и фрустрации, со секоја чест на исклучоците – објаснува Атанасовски.

Слични објави

Пресреќни: Два хороскопски знаци наскоро ќе добијат незаборавно изненадување

еспресо

(Фото) Се соблече славната Касандра, фановите побудалеа: „Браво, ваква жена сакам!“

еспресо

Полни срца: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта до крајот на април

jasmina.kantardzieva

(Фото) „Јас се женам, сите се твои!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографијa со татко си и 23 години помладата свршеница

Еспресо

(Видео) „Она кога Саша Поповиќ ќе те вози!“: Постапката на креативниот директор на „Гранд“ предизвика лавина коментари

Еспресо

Се огласи сопругата на Џенан Лончаревиќ по веста за разводот: „Сака да ме исфрли од домот, купи стан за љубовницата“

Еспресо
Се вчитува....