10.8 C
Скопје
22:13 - 3 април, 2026

Сè за вирусот од кој почина Мира Фурлан: Само 1% од луѓето развиваат тешки симптоми

Instagram

Иако официјалната причина за смртта на Мира Фурлан сè уште не е соопштена, хрватските медиуми пренесуваат дека добиле информација од извор близок до актерката дека таа долго време боледувала од вирусот „Западен Нил“, кој и бил пренесен од заразен комарец.

Тој вирус се пренесува на луѓе и други цицачи со убод од заразен комарец, но тој не се пренесува од човек на човек. Болеста се појавува во летните и есенските месеци, а кај луѓето во 70-80 проценти од случаите поминува без симптоми.

Во околу 20% од случаите, болеста се манифестира со симптоми слични на грип, како што најчесто се треска, главоболка, истоштеност и болка во мускулите и зглобовите.

комарец

Само 1% од пациентите можат да развијат посериозна манифестација на болеста доколку вирусот го зафати централниот нервен систем и своевремено развие симптоми на менингитис или енцефалитис, односно воспаление на мозокот.

Постарите луѓе кои веќе имаат други хронични заболувања како дијабетес, хипертензија, хронично заболување на бубрезите или имуносупресивните лица се изложени на поголем ризик од заболување од оваа болест. Пациентите се третираат симптоматски и повеќето од нив се опоравуваат без трајни последици.

Овој вирус е редок во Европа, но во последните неколку години има зголемување на бројот на случаи.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....